https://www.flickr.com/photos/m-i-k-e/7015810587/in/photolist-bFXS4v-r7pjGg-5HCGfe-pNmiRz-B6ERm-2fb4yVi-9XriWN-ECU85-abNvFf-8LvDC-aoMQhm-ox6iD7-2z7oyK-e8siDW-dZ4DU5-p5DiD-5pjbSU-6k2L2v-nEH8MY-vwGDej-dk4HL-5LXPiZ-Ebxno-8wEoU6-6mtEY6-5HCSiZ-Xus9Ji-2aEnqLj-61SLwC-8yGuqB-8yKAcL-8eK65Y-2dgaR2S-5HCSot-2aXYuo-6nHDHX-29mnH4P-48gE4-8yKzbA-8yGuUz-8mSEW5-9T6DwC-21z9Sk-BGyvQ-5njG6r-aajyPX-Bs56N-2bfeG-5a44XC-4XmpeE

11.04.2022 Скопје

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија по падот на светските берзи ги соопшти новите цени на горивата.

Со утврдувањето на највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт, трговците на мало и големо можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките цени.

Во соопштението стои дека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство останува непроменета, додека пак малопродажните цени на: Мазутот М-1 НС се намалува за 1, 127 ден/кг, на бензините ЕУРОСУПЕР БС – 95 И ЕУРОСУПЕР БС – 98 се намалуваат за 1, 00 ден/лит, а на ЕУРОДИЗЕЛОТ (Д – Е V) за 2,00 ден/лит.

Подготвено од М.Н.

About Author