https://www.facebook.com/ustaven.oficijalna.stranica/photos/a.102609862302690/102614638968879

20.04.2022 Скопје

Дискусијата на уставните судии за недела да е неработен ден е одложена поради технички причини.

Иницијативата на Стопанската комора на Северна Македонија ќе биде ставена на дневен ред на Уставниот суд на РСМ во некоја од следните седници.

Со оваа иницијатива се оспоруваат последните измени на Законот за работните односи.

Подносителот смета дека оспорениот закон е спртивен на слободата и пазарот на претприемништвото, темелните вредности и еднаквоста на граѓаните.

Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи според иницијативата го уредува користењето на неделен одмор со воведување на забрана за работа во недела, со исклучок на одредени дејности во кои неделниот одмор може да се користи во некој друг ден, со што се укажува дека законското решение не е во полза ниту на работниците, ниту на економските субјекти.

Со апел до Советот кој работи на овој предмет, преседателката на Уставниот суд на РСМ, Добрила Кацарска, апелираше дека ова е актуелен предмет за кој јавноста е заинтересирана и во најкраток рок треба да се направат исправки на рефератот.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author