10.04.2022 Скопје
Од СОНК апелираат дека со почетокот на генералниот штрајк се откажани сите наставнички совети, родителски средби и полагањата на стручни испити, со што оние наставници и воспитувачи кои штрајкуваат не се приморани и никој нема право да ги присилува да прифаќаат деца.
Министерството за образование и наука соопшти дека училишните раководства имаат законска должност да го спроведат и овозможат континуитето на следење на наставата.
Премиерот Ковачевски ги повика наставниците на прво место да ги стават интересите на децата, затоа што тие веќе имале долго пандемиско отсуство од клупите.
Штрајкот на СОНК, кај родителите на децата предизвикува дилема за дали да ги носат децата во училиште.
Подготвено од А.Ѓ.