https://www.facebook.com/photo/?fbid=353220293501526&set=pb.100064406750972.-2207520000..

22.04.2022 Скопје

Претставничката на УНИЦЕФ во Р.С.Македонија, Патриција Ди Џовани, на прес – конференцијата во Министерството за здравство истакна дека појавата на епидемија на морбили е можна поради ниските стапки на рутинска имунизација и дека не смееме да чекаме да се случи за да реагираме.

На прес – конференцијата, Министерството за здравство, УНИЦЕФ и СЗО ги претставија најновите податоци за опфатот со редовните вакцини за деца, каде што податоците покажуваат дека се бележи исклучително низок опфат со МРП вакцината во 2020 година на национално ниво. Во напорите за засилување на вакцинацијата, во 2021 госина се зголеми офатот од 63% на 70,4% за прва доза, а од 68,5% на 80% за втора доза МРП вакцина.

Министерството за здравство соопшти дека за постигнување на колективен имунитет, постигнатиот опфат е сепак далеку од потребниот процент од 95% вакцинирани лица.

Кај родителите на децата постои одредена резерва кон МРП вакцините.

Во последната недела од април се одбележува Светскиот ден на имунизацијата преку националната кампања на УНИЦЕФ и Министерството за здравство, со која се потсетуваат граѓаните да обезбедат заштита на нивните деца од зарразните болести што се јавуваат во детството.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author