24.04.2022 Скопје
Медицинска сестра, воедно и извршен директор на организацијата „Tiny Hearts Education“, на инстаграм профилот на организацијата напиша дека малите чоколадни јајца, кои што се актуелни за Велигденските празници, претставуваат опасност од задушување кај децата.
Големината и формата на малите чоколадни јајца предизвикуваат можност за истите да заглават во дишните патишта кај малите деца.
Предупредувањето на социјалните мрежи привлече огромно внимание од страна на родителите кои се благодарни за советот.
Подготвено од А.Ѓ.