12.04.2022 Скопје
Претседателот Стево Пендаровски беше пречекан во Цетиње со највисоки државни почести, средби ќе одржи и со претседателот и заменик претседателот на Владата.
Претседателот Стево Пендаровски којшто е во прва официјална посета на Црна Гора, оствари средба со претседателот Милош Ѓукановиќ, по што беше заклучено дека делат слични погледи за надминување на заедничките предизвици.
Пендаровски изјави дека Брисел треба да се преиспитаат во одлуките за влез на државата во ЕУ и како веќе една деценија се преговара за истото, а сеуште не е дури ни до половина пат од тој процес.
За претседателот на Црна Гора, опасен преседан е спорот меѓу Македонија и Бугарија, особено што станува збор за нерешени историски прашања меѓу овие две држави.
Пендаровски од Цетиње упати и порака во однос на внесувањето на останатите етнички заедници во Уставот, меѓу кои и Црногорците.
Официјалната посета продолжува и утре со активности од Бор.
Подготвено од А.Ѓ.