28.04.2022 Скопје
Во кругот на фабриката „Охис“ има две депонии со линдан, кој се добива само по индустриски пат. Ова хемиско органско соединение се складира во буриња кои подоцна ќе бидат исчистени со посебна технологија во странство.
Кисела Вода, Драчево и останатите населени места во околината на фабриката „Охис“ при ова чистење на линданот се заштитени така што малата депонија е покриена со шатор, во кој е инсталиран негативен притисок и сите токсични емисии не можат да излезат надвор и да влијаат на животната средина.
Екипите кои работат на депонијата лоцирале присуство на жива на неколку места.
Подготвено од А.Ѓ.