https://www.facebook.com/rfmofficial/photos/4665556716881795

21.04.2022 Скопје

Македонската ракометна репрезентација останува без тројца важни играчи од „старата гарда“.

По Миркуловски и Стоилов на ист пат е и нашиот капитен и најдобар играч Кирил Лазаров.

Раководството на РФМ планира да организира проштален натпревар.

Според спортскиот новинар Павле Симовски овие момци заслужуваат да одиграат проштален натпревар на 2 Август, на денот на нашиот голем празник Илинден.

Натпреварот ќе се одигра на отворено и веројатно ќе биде организиран во Националната Арена „Тодор Проески“.

Првиот човек, Живко Мукаетов соопшти дека веќе се разгледува некоја посериозна организација, но сеуште не открива повеќе детали.

Подготвено од М.Н.

About Author