https://www.facebook.com/fifaworldcup/photos/a.608140875868430/4960481863967621

30.04.2022 Скопје

Украина на 11 Мај гостува во Менхенгладбах, каде ќе одигра пријателски натпревар против германскиот прволигаш Борусија.

Целиот приход од влезниците ќе биде наменет за семејствата од Украина кои ја напуштија земјата поради војната со Русија.

На 1 Јуни ќе гостуваат и во Шкотска и подготовките за дополнителните квалификации ќе бидат во Словенија.

Украинската фудбалска репрезентација објави дека се водат разговори и за одигрување на пријателски натпревари со Македонија и Франција.

Подготвено од М.Н.

About Author