https://www.facebook.com/photo/?fbid=100733482472218&set=a.142099824998810

08.04.2022 Скопје

Покрај многуте апели од надлежните служби до граѓаните, во кои што наведуваат дека оние граѓани кои чуваат миленици потребно е да го собираат изметот на милениците за почиста еколошка средина, сепак многу мал број го практикуваат тоа.

Во парковите, зелените површини, дури и на тротоарите во Скопје, секој ден може да се забележи измет од утринските или вечерните прошетки на милениците, и покрај казните што се одредени во висина од 50 евра.

Секако тука се и уличните кучиња за коишто никој не се грижи, а со тоа уште повеќе се зголемува проблемот во Скопските општини.

Од „Лајка“ апелираат и спроведуваат кампања за развивање на свеста кај граѓаните и се надеваат дека ќе ја постигнат својата цел.

Граѓанинот којшто го сака своето милениче не треба несовесно да се однесува кон еколошката средина, секако со чест на ретките исклучоци.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author