20.04.2022 Скопје
Изложбата на доајенот на македонското современо сликарство, Димитар Кондовски, ќе биде на 5 Мај во Националната Галерија, поточно во објектот Даут пашин аман, која ќе трае до крајот на јули оваа година.
Димитар Кондовски е автор на голем број театарски и телевизиски сценографии. Неговото творештво има оставено неизбришлив, длабок и траен белег во времето, поради неговиот исклучителен творечки опус кој е камен-темелник и врз кој се доградува современата македонска ликовна уметност.
Подготвено од А.Ѓ.