10.04.2022 Скопје
Војната помеѓу Русија и Украина предизвика катастрофални економски последици врз Европа, особено со недостатокот на енергенси, односно гас, со што ова се последици кои за жал ќе се чувствуваат и во иднина.
Моментално инфлацијата се има искачено на највисокот историско ниво. Во нашата земја, Владата на Р.С.Македонија се справува со одредени антикризни мерки како што се намалување на ДДВ на електрична енергија, воедно донесен е и пакет на антикризни мерки во однос на ДДВ на нафтата и нафтените деривати. Во врска со прехранбените производи беа замрзнати нивните цени, а беше намален и данокот на додадена вредност, се со цел да се спречат големите ценовни шокови.
Подготвено од А.Ѓ.