24.04.2022 Скопје
Република Северна Македонија поднесе барање до ММФ за користење на Линијата за претпазливост и ликвидност (Precautinary and Liquidity Line – PLL).
На веб – страницата на Фондот е објавено дека PLL е наменета исклучително за земји кои имаат здрава економија, како и здрави економски политики.
Министерот за финансии, Фатмир Бесими и директорката на ММФ, Кристалина Георгиева во рамки на Пролетните средби во Вашингтон, ја одржаа првата официјална средба во изминатите години.
Министерството за финансии соопшти дека со оваа средба, ММФ ја покажува својата поддршка за нашата земја.
Владата соопшти дека е насочена кон постигнување на одржлив економски развој, фискална консолидација и спроведување на структурните реформи, како и фокусот на фискалната политика во оваа ценовна и енергетска криза ќе биде во насока на поддршка на стандардот на граѓаните и на стопанството.
Подготвено од А.Ѓ.