Photo by Pixabay: https://www.pexels.com/photo/cash-coins-money-pattern-259165/

08.04.2022 Скопје

Владата се согласува со синдикатите за исплатата на минималната плата според законот и воедно и за усогласување на останатите плати, но во предвид го земаат аргументот дека доколку дојде до нагло зголемување на платите со тоа ќе следи и инфлација.

Синдикатите најавија дека со нивните барања за линеарно зголемување на платите, исплата на минималната плата и со самото тоа и корекција на платите, ќе бараат соодветни модели преку кои ќе го изразат своето незадоволство и ќе ги заштитат вработените. Воедно, синдикатите објавија и податоци во врска со минималните трошоци на едно семејство, каде што самата потрошувачка во однос на претходните години е зголемена за 8,8 проценти.

Кај превозот, исхраната и пијалоците се предизвикани најголеми зголемувања.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author