23.04.2022 Скопје
Војната во Украина и санкциите на ЕУ против Русија се чувствуваат и кај нас, особено во однос на цените на енергенсите и прехрамбените производи.
Економската криза е многу по различна од таа за време на здравствената криза со пандемијата.
Зависно колку ќе трае војната, но и да претпоставиме дека утре ќе заврши, нема можност преку ноќ да се сменат работите.
Потребен е одреден временски период да се прилагоди економијата во нормален колосек.
Дали во случај на продлабочување на војната во Украина ќе има можност времено да се одложат кредитните обврски на граѓаните и фирмите, по примерот на глобалната пандемија со Ковид – 19? Сеуште нема информација за разгледување на вакво решение.
Подготвено од М.Н.