06.04.2022 Скопје
Министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Љупчо Николовски со објава на својот фејсбук профил ја извести македонската јавност дека е договорен увоз на пченица и од Бугарија.
Овој договор Mинистерот Николовски го оцени како чин на градење добрососедски односи.
Пред месец дена ист таков договор беше постигнат и со Република Србија.
Со договорот Македонија е изземена од списокот за забрана на извоз на пченица и други прехрамбени суровини.
Овие договори го наметнуватт прашањето колку Македонија е спремна да се носи со проблемите настанати од војната во Украина.
Дали Македонија има доволно резерви за сопствени потреби и колку ќе не чини зависноста од договорениот увоз ќе покаже времето.
Редакциски осврт