24.04.2022 Скопје
Обединетите нации соопштија дека генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, ќе ја посети Турција пред посетата на Москва и Киев.
Во Турција, Гутереш ќе биде примен од претседателот Ердоган. Турција се смета за вреден домаќин за хуманитарните разговори меѓу Украина и Русија. Турција беше домаќин на мировните преговори меѓу Русија и Украина.
По посетата на Турција, Гутереш ќе замине за Москва каде што ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, воедно и ќе има средба со рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров со кој ќе разговара за што може да се направи за да се донесе мир за Украина.
По посетата на Русија, Гутереш ќе се сретне со украинскиот претседател Володомир Зеленски во Киев за да разговараат за зголемувањето на хуманитарната помош.
Подготвено од А.Ѓ.