24.04.2022 Скопје
Денес, Французите одлучуваат кој од актуелниот претседател и лидер на Република во движење, Емануел Макрон и Марин Ле Пен, кандидатката на десницата ќе влезе во Елисејската палата и ќе ги води во следните пет години.
Двајцата кандидати предлагаат две многу различни иднини за земјата.
Марин Ле Пен по трет пат се обидува да влезе во Елисејската палата, каде што со нејзин пораз ќе има и смена на раководството на нејзината партија, Национален собир.
Се очекува Макрон да победи со околу 56 отсто гласови во однос на Ле Пен според последните објавени анкети.
Излезеноста до пладне е над 20 отсто.
Подготвено од А.Ѓ.