27.04.2022 Скопје
Премиерата на документарниот филм „Барка – Извор на живот“ се одржи во Кино Фросина (МКЦ).
Филмот е снимен во Полска и раскажува за успешната 30 годишна приказна за тоа како социјалното претприемништво и солидарната економија помагаат во заедницата, особено на членовите на маргинализираните групи и нивната реинтеграција и ресоцијализација во општеството.
Докуменираниот филм е финансиран од Амбасадата на Република Полска во Скопје со поддршка на Фондацијата „Барка“, како и проектот финансиран од ЕУ „Поддршка на социјалните претпријатија“, имплементиран од Ептиса, во конзорциум со Барка и Екорис, каде корисник е Министерството за труд и социјална политика.
Подготвено од А.Ѓ.