23.04.2022 Скопје
Притисокот врз Германија за да се откаже од руската нафта и природен гас, од ден во ден расте, со секоја нова ужасна вест од Украина за масакар врз цивилното население.
Германија планира брза изградба на терминали за увоз на течен гас од други земји, како Катар и Норвешка, но до тогаш не смее да го прекине увозот од Русија, затоа што социјалниот мир во Германија се доведува во опасност.
Правилно е зависноста од увозот од Русија да се прекине чекор по чекор, а не од денес за утре.
Подготвено од М.Н.