https://www.flickr.com/photos/14976735@N03/8707734159/in/photolist-egtpZz-9u9d54-6R2z7s-e7XFQN-jNQpa-FfcKc-4zHfer-e4HPjs-r1bNU4-b1zrL-7TfVSp-9CseWN-bx4JRf-7UoPxz-bFe2h-9wfKo4-ng1ZNh-FQzVY-7QH3Kg-mHyXev-Fyrrm-9BM8L3-9wxrMd-9BRGt6-GxsPd-9ATs4r-6gN4dL-bvximB-6eFU95-bLyUzk-4DmSFd-4vVkcE-7RchaY-j3Teeo-bEdVSR-FD8CGf-FRw9V-7j487p-nfsSSn-9CnhsP-9AM7D8-bwS81W-ng7fTT-6kMMJJ-nkdAvF-qEssDk-FxaFDK-cpqrY-bv8Xw7-FPZMD

24.04.2022 Скопје 

Воскресението Христово или Велигден претставува најважен верски празник во православниот календар. Христијанските верници го прославуваат воскреснувањето на нивнит бог Исус Христос по неговата смрт со распнување, кое се случило на третиот ден по неговата смрт, сметајќи го и денот на смртта, односно првиот ден, недела по Велики петок.

Велигденските богослужби оваа година се одржаа со присуство на верниците без никакви ограничувања после две години со Ковид – рестрикции.

Во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ – Скопје служеше Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, каде што по Полуноќницата и опходот околу храмот го објави Христовото воскресение, а потоа беа отслужени Утрената и Света Златоустова литургија.

Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан порача дека љубовта е единствениот лек против злото, од кое треба да се чуваме со што ќе правиме добро и ќе го градиме и чуваме мирот.

Членови од владината делегација присуствуваа на Велигденската литургија во соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје, кои на присутните свештеници и верници, како и на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан им го честитаа празникот со традиционалниот Велигденски поздрав „Христос воскресна – Навистина воскресна“.

Од црквата порачаа дека во време на искушенија, отфрлен разум и заборавен Божји закон, само со покајание и прифаќање на Божјата волја, ќе го најдеме патот што води кон личното и сенародното учество во тајната на Христовото воскресение.

Велигденската радост претставува најголема и најсветла радост на христијаните. Радост која е света и вечна како радоста на блаженството, кое е постојана радост на душата.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author