28.04.2022 Скопје
Русија откако донесе одлука за плаќање на рускиот гас во рубљи за купувачите од „непријателските“ држави, ја прекина испораката на природен гас за Полска и Бугарија кои одбија да плаќаат во рубљи.
Полска и Бугарија се првите земји членки на ЕУ и НАТО за кои Русија ја прекина испораката.
Германија, Австрија и Унгарија продолжија да увезуваат руски гас, кој го плаќаат со евра во Гаспромбанк.
Газпромбанк потоа парите ги префрла на сметка на Газпром во рубљи.
Запирањето на вентилите за Полска и Бугарија предизвика зголемување на цените на берзите, што ќе предизвика нов ударр врз економиите.
Од ЕУ соопштија дека уште пред почетокот на руската инвазија во Украина, интензивно се работело на дивезификација на увозот со што ќе се намали зависноста на унијата од руските енергенси.
Подготвено од А.Ѓ.