11.04.2022 Скопје
Поранешниот премиер на Р.С.Македонија, Никола Груевски и Сашо Мијалков, поранешниот директор на УБК, се на црната листа на САД.
Членовите на потесното семејство на Груевски, како и на Мијалков се означени за неподобни за влез во САД, исто така им се замрзнати сите евентуални имоти и сметки и со тоа се неподобни за било какви бизнис релации со американските компании.
Стејт департментот на САД соопшти дека оваа одлука е донесена поради нивната вмешаност во значителна корупција.
Подготвено од М.Н.