https://www.facebook.com/narodnatabanka/photos/a.1540296962942657/1628157107489975

14.04.2022 Скопје

Народната банка соопшти дека мора да има поскапување на парите за да се забави инфлацијата, а за колку и кога ќе пораснат каматите, секоја банка индивидуално ќе одлучува.

Растот на каматите нема да биде само за новите кредити кои ќе ги подигнуваат граѓаните, туку ќе има корекција и кај старите кредити што веќе се земени.

Каматната стапка на благајничките записи е зголемена за 0, 25 процентни поени, со што оваа стапка претставува показател за тоа во кој правец треба да се движат и банкарските камати.

Корекции ќе нема само кај кредитите што се со фиксна каматна стапка.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author