27.04.2022 Скопје
На парламентарното собрание на Советот на Европа во Стразбур, Александар Николовски порача дека Македонците од Бугарија се борат за своите права и сакаат да ги остварат своите национални, јазични и културни права.
Николовски исто така порача дека Македонија веќе треба да ги започне преговорите за членство во ЕУ, а Бугарија да ги овозможи основните човекови и јазични права на Македонците во Бугарија, со цел да се дојде до добрососедски и пријателски односи меѓу македонскиот и бугарскиот народ.
Подготвено од А.Ѓ.