18.04.2022 Скопје
Во една од изјавите на Данела Арсовска стои дека ќе одговараат сите кои го злоупотребиле буџетот на Град Скопје.
Според градоначалничката на Град Скопје за пет месеци не може да се оцени нечиј успех или неуспех. Во изминатиот период се соочува со напади како резултат на нејзината работа.
Во периодот што следи, најпрво ќе бара одговорност од оние кои извршиле извесни злоупотреби на буџетот на градот, со што и покрај сите напади и притисоци, не планира да се откаже, затоа што сака да им покаже на граѓаните дека има човек во Скопје, кој сака да има ред и да не се случуваат истите работи кои се случувале во минатото.
Подготвено од А.Ѓ.