12.04.2022 Скопје
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, учествуваше на конференцијата „Градови на иднината“, која што се одржа во Солун.
Учествуваа и градоначалник на Атина, заменик градоначалник на Приштина, како и претставници на Тирана, Белград и многу други градови од регионот.
Арсовска нагласи дека Град Скопје е дел од Мрежата на градови од Балканот – Б40 (Balkan cities network) чија цел е зголемување на меѓусебната соработка, пред се преку размената на позитивни искуства и да се допринесе за решавање на проблемите со кои се соочуваат градовите, а секако и за зголемување на економската соработка.
Подготвено од А.Ѓ.