22.04.2022 Скопје
Во однос на минатата година, цената на јагнешкото месо е драстично зголемена.
Додека минатата година граѓаните можеа да купат килограм јагнешко месо за 350 денари, оваа година очигледно на трпезите ќе недостига јагнешкото месо, затоа што граѓаните се жалат дека цената од 450 денари е превисока за домашниот буџет.
Производителите сметаат дека цената на суровините е многу покачена и порради тоа откупот мора да биде повисок.
Подготвено од А.Ѓ.